Општина Центар објави конкурс за идејно решение за поранешната фабрика „Треска“

Ако се погледнат Деталните урбанистички планови ќе се насети апетитот на инвеститорите. Таков е случајот и со планот Градска четврт Ц08 – Ново Маало 2  во јавноста познат по паркингот наспроти Холидеј Ин. За моментално важечкиот ДУП кој е на сила, во обвинителството за организиран криминал и корупција се води предистражна постапка, а по иницијатива на антикорупциска. 

Од обвинителството за ТВ24 велат дека се прибираат докази за да донесе одлука дали ќе се спроведе истражна постапка или ќе биде запрена. 

„Предметот за кој покажувате интерес е во предистражна постапка и истата согласно закон е постапка за прибирање на докази, во фаза кога кривичното дело или неговиот сторител се уште не се откриени во целост. Целта на предистражната постапка е јавниот обвинител да обезбеди материјал врз основа на кој ќе може да оцени дали согласно прибавените докази има основи на сомневање дека определено лице сторило кривично дело и во таа насока да донесе јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката односно дали ќе донесе наредба за спроведување на истражна постапка или ќе ја запре постапката“ - велат од ОЈО за ТВ24. 

Додека надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го расчистува случајот со деталниот урбанистички план со кој се опфаќа паркингот наспроти Холидеј Ин, поранешна фабрика Треска конечно во рацете на стручната фела. 

По низа перипетии, општина Центар се одлучи за распишување на Јавен конкурс. Во споредба со актуелниот план, велат од општина центар Центар, придобивките што се очекуваат од Конкурсот за изработка на идејно архитектонско-урбанистичко решение за локалитетот фабрика Треска се зголемување на површината за јавни функции до 47% (проценти), локација за нова детска градинка со капацитет за 250 деца, детски и спортски игралишта и зачувување на зелениот фонд, согласно новиот Правилник за урбанистичко планирање.