Општина Арачиново: Финансиската неможност на семејствата за легализација влијаат врз собирањето на данокот
Откако тв24 претходно упати прашање до општина арачиново зошто таму не се плаќа данок на имот, денеска одговори градоначалничката Милитие Халими вели дека Арачиново е рурална општина и за жал пред да дојдам јас, било запоставено од претходните градоначалници и претходните влади управувани од ВМРО-ДПМНЕ.
Општина Арачиново за жал има и голем број на корисници на социјална помош. Секако проблемите со дивоградбите од минатото и финансиската неможност на семејствата за легализација влијаат врз собирањето на данокот. Ние како општина аплицираме за сите отворени проекти и фондови, додава градоначалничката.