Определен домашен притвор за Јасна Мандиќ
Foto

Определен домашен притвор за Јасна Мандиќ

Адвокатот на Јасна Мандиќ, Душко Јанковиќ соопшти дека за Јасна Мандиќ, потпретседателката на „Меѓународен сојуз“ е определена мерка домашен притвор.

Русковска истакна дека од еден осомничен во претходната постапка имало тенденција за спогодба, но до тоа сепак не дошло. Рускоска истакна дека ОЈО обезбедило докази за трагата на парите во аферата „Рекет” и за тоа е има обвинение за перење на пари. Русковска изјави дека документите кои претходно протекоа во јавноста не се изнесени од обвинителството и дека таму се оригиналите. На снимките се видело дека било сликано на копија, а копии обвинителството доставило до судот на 15 јули кога имало предлог за притвор на двајца осомничени. Тие документи што излегле се од копии, категорична беше Русковска.

„Имам издадено наредба на три локации да се изврши претрес кај три лица. Утре за сите осомничени од првата притворена група во „Рекет“ ќе побараме продолжување на мерката притвор“ - рече Рускоска.

За останатите тројца денеска осомничени, ОЈО ќе побара поблаги мерки како одземање пасош, еднаш неделно да се јавуваат во судот и ненапуштање на живеалиштето.

0 Коментари

Остави коментари