Опозициските партии се изјаснија по предлогот на Мицкоски за вклучување во дијалогот со Бугарија
Повикот на премиерот Мицкоски опозициските партии да се вклучат во дијалогот , за евро - интеграциите различно го протолкуваа политичките опоненти .Од Бихаќка денска категорични дека нема да бидат дел од таквите преговори и дека ова е како што велат во реакцијата само циркус за јавноста . Додаваат и дека токму Мицкоски е тој што треба да каже на каде ја води државата .
СДСМ: Ние не учествуваме во циркузот Медрано, тоа го прават сателитите на Мицкоски . Мицкоски работи на изолација а не на интеграција . Реформите не се спроведуваат , европскиот пат е запрен заради Мицкоски и неговиот страв од сочување со одговорноста . Додека за другите земји има патокази , за извесно членство во ЕУ Македонија ја нема никаде . Не е прашањето што ќе направи опозицијата туку што ќе направи Мицкоски . Целата одговорност е кај Христијан Мицкоски .
Од ДУИ пак велат секогаш се за евроинтегративните процеси но треба предлогот внимателно да се продискутира и разгледа . Во реакцијата за ТВ 24 велат
ДУИ: Секогаш сме подготвени да дадеме било каков придонес на патот кон евроинтеграциите - било да е од позиција на власти или опозиција . Сепак треба да се види какви се намерите на овој отворен повик и што сите заедно можеме да направиме .
Од Левица пак велат дека допрва ќе го разгледаат предлогот на партиско ниво па потоа ќе изграделе став
ЛЕВИЦА: Се уште немаме изградено став. Денес ќе го разгледаме предлогот на состанокот на партиските тела .
Предлогот опозицијата да се вклучи во преговорите за евроинтегративните процеси вчера го изнесе премиерот Мицкоски на собраниската говорница како одговор на пратеничко прашање кое го поставија од Европскиот фронт а во тој контекст Мицкоски додаде дека добро би било опозициските партии да се вклучат и во акцискиот план за малцинствата .

