Опозициските албански партии поднесоа интерпелација за државниот обвинител Јовевски

Група пратеници од Алтернатива, Движењето БЕСА и од Демократско движење доставија интерпелација за работата на јавниот обвинител Љубомир Јовески поради, како што велат, судскиот предмет за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој загинаа 14 лица.

Тие бараат јавниот обвинител да се појави во Собранието и пред народот за да ја објасни својата улога во овој случај. Велат дека главна причина за интерпелацијата е кулминацијата на неговата неконзистентна, нетранспарентна, контроверзна работа и губењето на јавната доверба кон институцијата Јавно обвинителство што се случи со судскиот предмет за пожарот на модуларната болница во Тетово.