Опозициски пратенички прашања

Пратениците на опозицијата испратија серија на прашања до парламентарното мнозинство, гланите теми на денешната седница беа високото образование, инфраструктурните проекти, судството и увозот на храна од странство.

Како една од забелешките на опозиционерите на оваа власт е тоа што според нив прво се носат закони а потоа за истите се прават анализи дали ќе бидат спроведливи на терен.

Благој Бочварски  СДСМ 

„Вие велите дека ќе ги имаат сите надлежности општините, градоначалниците ќе одлучуваат сами ние нема да им се мешаме, ама законот не кажува  така. Зошто тогаш го менувате тој дел од законот. Зошто велите дека ќе може да исплаќате плати на наставниците.“

Рина Ајдари ДУИ 4.33 – 4.52

„Дали е изготвен и усвоен инфластруктурниот проект и основниот проект за изградба на магистралниот пат  Тетово – Призрен, дали се реализирани елаборатите студиите и потребните постапки имајки ги во предвит околностите дека дел од трасата поминува во Националниот парк Шара“.

Власта пак, самоуверена во своите одговори дека работата на владините министри е на висина на задачата. Според нив се се работело согласно претходно утврдени планови.

Весна Јаневска министерка за образование и наука

„Вашата влада кога го планирала ова не планирала фасада, не планирала партер, дополнително направила штета и сега треба да се гради потпорен ѕид за да не се срушат куќите.  “

Александар Николовски министер за транспорт и врски

„Сега се побарани податоци од градежниот факултет за прекуграничниот тунел, затоа што идеата е преку граничен тунел да се спојат двете држави, побарани се податоци и од република Косово, бидејќи тунелот ќе почнува на наша територија а ќе заврши во Косово.“

Не изостанаа ниту прашањата за животниот стандард на граѓаните, за инфлацијата и за  борбара на граѓаните се ценовните шокови. Власта возврати дека будно ги следи сите случувата на тоа поле и соодветно реагира. Какви се ефектите од владините реакции за подобрување на животот,  си знаат лично само граѓаните.