Опозициски прашања за животниот стандард
Чии мерки за справување со енергетската криза се подобри но и зошто владата не ги прифати оние на опозицијата . Опозицискиот лидер Венко Филипче со прашање но и критика до власта дека мерките кои ги превзема не се доволни додека цените енормно растат а работници остануваат на улица . Премиерот Мицкоски пак возврати дека како што рече владата се уште ги плаќа остатоците од погрешните мерките на претходната влада како што е солидарниот данок.
Со прашање до премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на Левица Димитар Апасиев за тоа какви им се конекциите со претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски и дали му е ветено дека по завршувањето на мандатот ќе биде универзитетски професор но и кои се критериумите по кои се примаат професори на УКИМ
Премиерот пак само кусо одговори дека ова прашање Апасиев го поставува на погрешна адреса а откако вчера Мицкоски потенцираше дека поради протестите за полагање на правосуден испит на албански ја информирал меѓународната заедница дека дел од партиите се обидуваат да предизвикаат дестабилизација од ДУИ денеска со прашање до премиерот зошто и тој не застанал на страната на албанските студенти и нивните барања . На што пак одговор даде вицепремиерот Беким Сали дека сепак ќе се полага правосуден испит на албански
Опозициските прашања станаа редовна деловничка рутина во првата половина на месецот . Дел од останатите теми за кои се дискутираше беа и евроинтегративните процеси , животната средина но најголем акцент беше ставено токму на мерките за справување со енергетската криза .

