Опозициски прашања до власта
Министер или инфлуенсер . Наместо на пратенички прашања министерот за добро владеење Арбен Фетаи на пат во Тајланд без конкретен одговор кои ќе бидат придобивките за Македонија од тоа патување кое е на државен буџет . Опозициската СДСМ со прашања но и критика од ресорниот министер за добро владеење дали ова е начинот на кој добро се владее со државни пари .Не пропуштија прилика и јавно да прашаат колку во изминатите 6 месеци министерот се појавил на работа додека редовно ја зема својата плата и ги ужива привилегиите додека јавно на својот Ф.Б профил постира слики од своите патувања .
Дел од расправата на пратенички прашања продолжи и во насока на Европската агенда и реформите кои земјата треба да ги исполнио на патот кон ЕУ како и прашањата адресирани до Вицепремиерот Беким Сали за тоа која е функцијата на Вреди во оваа влада но и протестите на студентите албанци за полагање на правосудниот испит на албански јазик .
И на овие опозицски прашања опозицијата реагираше дека повторно голем дел од министрите не се појавиле да ги испочитуваат и удостојат пратениците но и да одговорат на нивните прашања. Меѓу останатите прашања за кои опозиционерите ја прашуваа власта беа и оние од социјалната сфера, правата на работниците, казината , но и за европскиот систем за влез и излез во соседна Грција како и тоа дали македонските туристи ќе бидат ослободени од ваквата процедура додека трае сезоната како што некои земји кои не се членки на ЕУ ќе добијат такви привилегии од страна на Грција .

