Опозициски прашања – без прашање за случајот со Ива Михаилова
Прашањето за случајот Ива Михајлова не стигна да биде поставено на седницата за опозициски прашања и покрај присуството на премиерот Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски . Иако планирано од страна на пратениците на Левица сепак седницата беше прекината а во фокусот останаа прашања кои повторно се поврзани со Софија но во насока на како што обвинија од Левица дека баџанакот на премиерот Христијан Мицкоски кој според нив имал и бугарско државјанство имал фирми таму и бил еден од најголемите финансиерио на партијата . Лидерот на Левица Димитар Апасиев дирекно го постави прашањето до премиерот Мицкоски дали е запознаен со бизнисите на неговиот баџанак од Струмица а пак премиерот возврати дека како што рече ваквиот однос Апасиев е кукавички и со ниски удари .
Не изостанаа ниту прашањата околу евроинтегративните процеси откако пратеничката Арбана Пашоли од Европскиот фронт го праша премиерот што размислува на тоа поле а тој отворено ја покани опозицијата да се приклучи во работењето на акцискиот план за малцинствата кој исто така е важен чекор на патот кон евроинтеграциите .
Меѓу останатите прашања се најдоа и оние за животна средина кои се однесуваа на депонијата Краста во Куманово но и дивите ископувања на песок за кои прашуваше координаторот на СДСМ Оливер Спасовски. Не изостанаа прашањата со етнички предзнак од страна на ДУИ но изостана прашањето за случајот Ива Михајлова кој деновие е во фокусот на јавноста .

