Опозицијата вчера беше За, денеска е против Влада за национален спас
Foto

Опозицијата вчера беше За, денеска е против Влада за национален спас

ВМРО-ДПМНЕ се предомисли, не сакаат Влада за национален спас откако вчера премиерот Заев фрли ракавица за обединување.Од партијата на Мицковски денеска велат дека не прифаќаат заедничка влада со СДСМ и Заев и бараат предвремени парламентарни избори заедно со локалните, а потоа велат сами ќе формирале влада без СДСМ. 

Овој став доаѓа ден подоцна откако вчера пак пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошовски во изјава за медиумите посочи дека предлогот може да се разгледа но само ако таа влада е предводена од натпартиска личност .

Од СДСМ пак денеска со порака до Мицковски дека нема капацитет за заедништво, но и ги повикуваат пратениците на  ВМРО ДПМНЕ да престанат да ги блокираат важните закони во собранието и како што велат да се стават над партиските интереси за да бидат во корист и служба на граѓаните.

Алијансата за Албанците пак и денеска на прес конференција повторија дека тие ќе имаат свои барања и услови за таква Влада иако на изјавата на премиерот Заев гледале како политички блеф .

По вчерашниот предлог на Заев за широка влада за национален спас се огласи и Никола Тодоров кој пак во својот допис со порака и до партијата ВМРО-ДПМНЕ чиј министер беше за време на нивното владеење наведува. 

Македонското национално ткиво се распаѓа. Поделбата помеѓу македонците е предлабока и преопасна. Ако вака продолжиме ќе се самоуништиме. Од друга страна по нашето членство во НАТО, доколку сме паметни, ни се отвора можност следните 5-6 години да бидат т.н.златни години за државата.

После денешниот предлог од лидерот на СДСМ и актуелен претседател на Владата, јасно е дека Мицкоски не само што е пречка за обединување на ВМРО, туку е пречка и за обединување на Македонскиот народ .

Сепак во предлогот кој вчера го изнесе  Заев тој потенцираше дека не се однесува на Мицковски и оние кои како што рече работат на  штета на државата иако како што посочи и самиот спремен е и тој да се повлече од позицијата премиер доколку тоа е условот за влада за национален спас. 

Лидерот на Левица Апасиев пак евентуалната таква влада ја гледа како обединување против Левица а пак ставот на интегративците вчера го изнесе Ахмети посочувајќи дека  се против таква влада и  дека ВМРО-ДПМНЕ се и треба да останат опозиција.

0 Коментари

Остави коментари