Опозицијата со 3000 амандмани ќе ја блокира промената на Деловникот
Foto

Опозицијата со 3000 амандмани ќе ја блокира промената на Деловникот

Со повеќе од 300 амандамни поднесени до Собранието, коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе се обиде да го спречи донесувањето на измените на Деловникот за работа на пратениците.

Тие тврдат дека за функционирање на Собранието онлајн нема ниту технички, ниту демократски услови. Координаторот на коалицијата Скендер Реџепи вели дека изјави дека нивната забелешка се однесува на начинот на кој се носи новиот Деловник. 

И ВМРО-ДПМНЕ има забелешки на процедурата на донесување на измените на Деловникот. Тимчо Муцунски денеска на прес-конференција изјави дека за донесување на измените мора да има консензус а не тие да се носат на сила. 

Освен од Алијанасата за Албанците и Алтернатива кои поднесоа повеќе од триста амандамни и другите опозициски партии имаат забелешки на измените на Деловникот. Сите заедно поднеле безмалку 3000 амандамни. Ова беше причина пратениците од власта и опозицијата и денеска да си упатат обвинувања кој од нив сака да ја закочи работата на Собранието.

Ова е не прв пат кога партиите што биле на власт се обидувале да иницираат измени во Деловникот. Таков беше случајот кога мнозинството во Собранието беше во рацете на ВМРО-ДПМНЕ. Подобрувањето на демократскиот капацитет на Собранието трае веќе со години и дел од процесот „Жан Моне“.

0 Коментари

Остави коментари