Опозицијата смета дека откажаната еврообврзница ќе има финансиски импликации

Власта знаела за пропаѓањето на еврообвзницата и затоа се задолжила со државни обврзници по повисока камата и под лоши услови, обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата денеска велат дека откажувањето на еврообврзницата од страна на владата не само што го нарушува угледот на Македонија пред финансиските институции, туку ќе има и можни финансиски импликации.

- Владата знаела дека еврообвзницата ќе пропадне најмалку уште од 14 февруари. Односно  ден пред јавноста да дознае за еврообврзницата, владата одржала аукција на државни обврзници со рок на достасување од само две години и со каматна стапка од високи 5,25% токму поради оваа значајно висока каматна стапка понудата била 8 милијарди денари, а побарувачката била поголема од 12 милијарди денари. - велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата на власт пак регаираат дека неточни се тврдењата на Христијан Мицкоски за барање отштета и плаќање пенали поради неиздавањето на еврообврзницата.

- Нема никакви трошоци за државата. Агентите и инвеститорите се навремено известени за административната пречка во врска со издавањето на еврообврзницата. Инвеститорите се заинтересирани повторно да се пријават на аукцијата која ќе се реализира веднаш по изборот на новиот министер за правда. Со средствата од еврообврзницата ќе се финансира евробврзицата од 2016 година, која доспева во јули. - велат од СДСМ.

Објаснувајќи го одлагањето на издавањето на еврообврзницата, министерот за финансии во интервју за МТВ посочи дека мислењето од министерот за правда не можело да се побара порано, бидејќи согласно процедурата од аукцијата на еврообврзницата до порамнувањето, односно издавањето на еврообврзницата, треба да изминат 5 работни дена.

Тој наведе дека постојано биле во контакт со институциите, агентите и инвеститорите и од аспект на запазување на процедурата, најоптимална одлука е потворување на аукцијата. Експертите велат дека сега, поважно е прашањето дали воопшто е потребно ваквото задолжување.

Министерството за финансии требаше да ја издаде деветтата еврообврзница и со собраните 600 милиони евра да ги плати долговите од стари еврообврзници. 

Какви последници ќе има земјава, по откажаната еврообврзницата ќе се знае наскоро, кога повторно ќе се побара заем на меѓународниот пазар.