Опозицијата одржа надзорна расправа во Собранието, власта ја бојкотираше
Во Собранието денеска се одржа првата надзорна расправа за ефектите од аерозагадувањето врз здравјето на граѓаните и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје.
Иако официално биле поканети, премиерот Христијан Мицкоски и министрите Изет Меџити, Сања Божиновска и Африм Гаши не се одзвале на поканата. Лидерот на Левица Димитар Апасиев изјави и покрај сите правни перипети и обиди за саботажа одлучил расправата да се одржи денеска.
Според експертите, ПМ честичките што се ослободуваат од издувните гасови на дизел возилата се класифицирани како канцерогени од прва група, а согорувањето отпад дополнително ослободува токсични материи. Според нив Македонија е меѓу водечките земји во Европа по бројот на починати од загаден воздух, со стапка на смртност и до 10 пати повисока од просеког во голем број европски држави. Додаваат дека до сега ниту една влада не превзела, соодветни и ефикасни мерки со кои аерозагадувањето ќе се доведе до минимум.
Македонија на европската мапа е повторно ризична земја за живот, вели Игор Смилев граѓански активист. Проблемот лежи во немањето доволно испектори кои не можат да ја покријат целокупната еколошка дупка во која што е западната Македонија 30 години наназад.
На првата надзорна расправа за ефектите од аерозагадувањето врз здравјето на граѓаните и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје присуствуваа само пратениците на опозицијата, односно Левица и СДСМ.