Опозицијата бара, власта тврди – ќе се гласа фер
Foto

Опозицијата бара, власта тврди – ќе се гласа фер

МВР е подготвено за во недела да го следи изборниот процес информираше денеска министерот Оливер Спасовски . Само со добра организација тврди граѓаните непречено ќе го остварат своето легитимно право на глас, а полициските службеници вели исто така ги поминале сите потребни обуки. Доколку постојат обиди за нарушување на изборниот процес Спасовски тврди ќе биде превенирани.

Во рамките на претседателските избори, а согласно надлежностите на МВР од Министеството информираат дека воспоставена е оперативна акција „Претседателски избори 2019“ година и формиран е Оперативен штаб со кој раководи Директорот на Бирото за јавна безбедност, а кој е задолжен за координирање на мерките и активностите по планот. 

Општите задачи на полицијата се: Заштита на човековите права и слободи на граѓаните и нивна максимална безбедност на денот на изборите, како и овозможување слободно изразување на правото на глас но и отсуство на секаков вид на толеранција кон сторителите на кривични дела или прекршоци.

Да не се попречува волјата на народот денеска повика и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој ги повика властите и институциите сериозно да пристапат кон изборниот процес без режирање на било какви сценарија. 

Со цел да се обезбеди фер изборен процес изборниот ден вкупно ќе го следат 3.878 набљудувачи од кои 3.150 се домашни 419 странски, покрај домашните медиуми во недела изборниот процес ќе го следат и 20 странски новинарски екипи. 

 

0 Коментари

Остави коментари