Опозицијата бара парламентарна комисија за несреќата, од власта порачаа дека не е време за политички поени

Формирање на собраниска комисија со меѓународен мониторинг за истрагата поврзана со настаните во Кочани бара албанскиот опозициски блок.

Од Европскиот фронт веќе информираше дека барањето е поднесено до собрание со образложение:

- Оваа комисија треба веднаш да се формира и да вклучи претставници на ОБСЕ, како и претставници од амбасадите на Соединетите Американски Држави и земјите членки на Европската Унија како набљудувачи со цел да се гарантира правична, независна и транспарентна истрага. Селективната правда го шокираше секој граѓанин на оваа земја и создаде невидена ситуација која ги загрозува темелите на владеењето на правото и довербата на граѓаните во институциите.

Неработењето или политичкото инструментализација на правдата за тесни цели ги нарушува не само основните права на граѓаните, туку и демократската стабилност и европската перспектива на земјата.

По вчерашната седница на ЦО на СДСМ и денеска велат дека преку анкетна комисија ќе бараат политичка одговорност за трагедијата, но и дека ќе ги искористеле сите механизми кои им стојат на располагање како опозиција за да има неселективен пристап во истрагата која за сега ја дефинираат како инструмент за политичко калкулирање.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак обвинија дека ДУИ и СДСМ се обидуваат од несреќата да прават партиски поени. Во својот допис наведуваат: 

-  Чудно е што СДС и ДУИ се против обвинителите кои сами ги поставија и поради кои судството и обвинителството има сега под 2 посто доверба, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Исто така нелогично е што СДС и ДУИ сега се бунтуваат против истрагата, а на позиции во ОЈО се Гаврил Бубевски, Љупчо Коцевски и Ислам Абази, од прв до последен кадри на СДСМ и ДУИ. Воедно како СДС и ДУИ немаше желба за анкетна комисија за модуларната болница, за несреќата во Ласкарци, за Беса транс и Дурмо Турс, за тендерите на Стабри и профитерството на Венко Филипче.

Од Левица и денеска реагираа дека власта се обидува да ја избегне седницата за пратенички прашања на која би требало да бидат поставени низа прашања поврзани со истрагата, и уште еднаш потсетија дека на координацијата на која било договопрена да нема седница за пратенички не присуствувале тие и не се согласни со ставот на Гаши дека сите политички партии донеле таков заклучок.