Опозицијата бара оставки, власта обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ ги поткопува националните интереси

Министерот за надворешни работи бујар османи денеска на неговиот официјален фејсбук профил реагираше на обвинувањата на потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, со став дека „преку фрлање дрва и камења по Албанците, како да се непријатели на оваа држава се прави обид да се направи етнички јаз по стратешките прашања, со цел да се ослабне позицијата на државата и со тоа да се обезбеди политичка предност за опозицијата“. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ продолжија со препукување - кој прифатил, а кој одбил преговори за францускиот предлог. Опозцијата бара оставки, власта обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ ги поткопува националните интереси.