ОПОЗИЦИЈАТА БАРА ИТНО РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЈАНЕВА, НА ЏАФЕРИ НЕ МУ СЕ БРЗА
Foto

ОПОЗИЦИЈАТА БАРА ИТНО РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЈАНЕВА, НА ЏАФЕРИ НЕ МУ СЕ БРЗА

ВМРО-ДПМНЕ бара итна собраниска седница за разрешување на притворената специјална обвинителка Катица Јанева – собранискиот спикер Џафери смирува – роковите ќе се запазат, до 15 септември Јанева ќе биде разрешена. Од опозицијата велат доколу Џафери и власта не ја закажат седницата ќе значи дека го прикриваат криминалот на Јанева.

Џафери не се брза - до 15 септември седница ќе има – утре или најдоцна в сабота седницата, вели Џафети ќе биде закажана, и Јанева ќе биде разрешена. Клучно, според него било да се добие писмена согласност од сите партии.

Покрај разрешувањето на Јанева, по неуспешната лидерска средба, во собраниските фиоки без договор остана и Законот за ЈО. Камен на сопнување во преговорите и натаму се предметите, обвинителите -помошници од тимот на Јанева, како и шефот на новото обвинитлесто.

Пратеникот и дел од преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски обвинува дека власта ќе направи се случајот „Рекет“ да не дојде во рацете на независен обвинител. Според него премиерот Зоран Заев најавил и дека за десетина дена Јанева од Шутка ќе се префрли во куќен притвор, но сепак отворени се за нови разговори.. Шанса на преговорите им дава и власта – од СДСМ велат работните групи на парламентарните партии работат на усогласување на ставовите за новиот закон за јавното обвинителство, со кој треба да реши и судбината на СЈО.

Коалициониот партнер на СДСМ – ДУИ – и денеска крена раце од проблемот за СЈО. Лидерот на демократката унија за Интеграција, вели проблемот за СЈО треба да го решваат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

- „Проблемот за СЈО треба да го решаваат двете најголеми македонски партии. Кога тие ќе дојдат до финалните преговори тогаш ние ќе се приклучиме на понатамошните лидерски средби. Ставот на ДУИ за СЈО вие го знаете, тој е да има закон, мора да има решение, мора да се почитува законот ако сакаме да има правна држава. И затоа ДУИ инсистираше да се изврши ветинг врз институциите и да се исчистат институциите од корупција и криминал“. - Али Ахмети - ДУИ.

И законот за ЈО, и разрешувањето на Јанева имаат рок до 15 спетември да се најдат намаса пред пратениците. Поради скратените рокови евентуалното законско решение за ЈО со двотретинско мнозинство во Собранието треба да се донесе до 15. До 15 септември според законот за СЈО истекува и мандатот на екс шефицата Катица Јанева, но и на нејзиниот тим. И на вчерашната собраниска седница, ВМРО-ДПМНЕ побара – но мнозинство во Парламентот го одби предлогот – како прва точка на дневниот ред да се стави разрешувањето на Јанева.

 

0 Коментари

Остави коментари