Опожарен автобус на ЈСП, нема повредени лица
Foto

Опожарен автобус на ЈСП, нема повредени лица

На булевар „Трета македонска бригада“, кај „Раде Кончар“ пријавено е дека во 18:50 часот настанал пожар во автобус на Јавно сообраќајно претпријатие - Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Од страна на УПС од Полициската станица Аеродром, констатирано е дека на местото на настанот автобусот е опожарен во задниот дел кај моторот.

Територијална противпожарна единица на Град Скопје информира дека нема повредени лица. 

0 Коментари

Остави коментари