Оперативен план за самовработување

Во земјата 190 илјади лица се водат како невработени. Половината од нив бараат работа. Останатите се на списокот на Агенцијата за вработување, но се изјасниле дека не се интересираат за работа. Дел од нив се иселени од државата, а дел, пак, работат на диво. Има и такви кои одбиваат понуди за легално вработување зашто ги гонат извршители. Од Агенцијата за вработување се согласуваат со ставот на Светска банка дека повеќето од работоспособното население во земјата, ниту бара работа, ниту сака да работи.

„Имаме ситуација кога 70 посто од поканетите невработени лица не доаѓаат на интервју бидејќи не е задолжително. Законот не вели дека тие ќе бидат избришани или тргнати од евиденција. Од 30 проценти што ќе дојдат на интервју се упатуваат кај работдавачот, половина од нив одат на интервју кај работодавачот и најчесто се случува и тие што ќе отидат кај работодавачот, да не прифатат односно да ја одбијат понудата за работа. Причините поради која што тоа го прават се најразлични, односно невработените лица наведуваат дека најчесто не им одговара местото, смената, платата“, рече Билјана Јовановска, директор на Агенцијата за вработување.

Агенцијата за вработување нема податок колку од невработените се ислелиле од државата или пак одат повремено да работат во странство. Според директорката на Агенцијата за вработување, годинава со Оперативниот план за вработување ќе бидат опфатени 8.500 лица, за што од буџетот се издвоеи 1,1 милијарда денари. Околу 4 500 невработени ќе добијат преквалификација и доквалификацијата, дел пак ќе имаат можност сами да си започнат бизнис.