Опасноста од ширење на болеста „Африканска чума“ демне - се бараат применливи мерки за заштита
Foto

Опасноста од ширење на болеста „Африканска чума“ демне - се бараат применливи мерки за заштита

Опасноста од африканската свинска чума е реална, но мерките за превентива се декларативни, сметаат одгледувачите на свињи. Бараат државата да го одврза ќесето и да се реализираат во целост лани донесените заклучоци. Тврдат дека бадијала се едукативните предавања ако не се префрлаат доволно пари на АХВ, како одговорна за спороведување на превентивните мерки.

Директорот на АХВ пред дестина дена изјави дека по појавата на африканската чума во Србија и отворањето на нови жаришта долж границата со Бугарија, опасноста од болеста ќе потрае, а граѓаните кои патуваат надвор не треба да носат во куферите храна од животинско потекло.

При својата последна посета на кочанско и Министерот за земјоделство, Трајан Димковски рече дека донесените мерки остануваат на сила. Досега се отстрелани околу 1000 диви свињи како најголеми пренесувачи на болеста, а се разговара и за продолжување на оваа мерка.

„Преку Агенцијата за храна и ветеринарство е предвидена и одредена поддршка за воведување биосигурносни мерки на самите фарми, затоа што заштитата е многу важна и ќе се обидеме да спречиме болеста, да не дојде кај нас.“ - изјави министерот Димковски.

Болеста африканска чума е опасна и исклучително заразна за свињите. Во Бугарија досега поради неа се уништени околу 300.000 свињи што е повеќе од вкупниот бројот на свињи во државава.А дека опасноста е реална говори и фактот дека во Берлин утре завршува меѓународната конференција Зелена недела посветена на справување со предизвците од африканската чума, што веќе се појави и во земји од ЕУ.

0 Коментари

Остави коментари