ОПАСНОСТА ОД АФРИКАНСКА СВИНСКА ЧУМА ЌЕ ПОТРАЕ, ЗАБРАНИТЕ ОСТАНУВААТ ВО СИЛА
Foto

ОПАСНОСТА ОД АФРИКАНСКА СВИНСКА ЧУМА ЌЕ ПОТРАЕ, ЗАБРАНИТЕ ОСТАНУВААТ ВО СИЛА

Се зголемува будноста за следење на африканската свинска чума откако вчера се отвори уште едно жариште во Србија, кај пирот, а пред една недела болеста беше потврдена и во уште четири реони на Бугарија. Во земјава африканска чума нема, но во сила остануваат веќе донесените мерки и забрани, велат од агенцијата за храна. Фармерите и натаму треба да ги спроведуваат посочените мерки, а граѓаните кои патуваат надвор не треба да носат во куферите храна од животинско потекло.

0 Коментари

Остави коментари