Онлајн промоција на „Јас и аутизмот“ на Аниса Ејуп Беќировиќ-Трпчевска
Foto

Онлајн промоција на „Јас и аутизмот“ на Аниса Ејуп Беќировиќ-Трпчевска

Книгата „Јас и аутизмот“ на Аниса Ејуп Беќировиќ-Трпчевска чиј поднаслов е „водич за преживување за родители на деца со аутизам и посебни потреби“ онлајн ќе биде промовирана вечер на фејсбук-страницата „Литература.мк“.

Беќировиќ-Трпчевска како мајка на син со аутизам ги споделува своите искуства и ги посочува начините за среќно и успешно воспитување чија основна цел е безгранична поддршка низ целокупниот живот на детето.

Онлајн промоцијата ќе ја води уредникот на изданието Филип Видиновски и ќе разговара со авторката на повеќе теми врзани со делото.

– Аутизмот како состојба на умот се карактеризира со широк спектар на различности. Никогаш нема да сретнете две личности со ист аутизам. Високофункционалниот аутизам, во чијшто спектар спаѓа и Аспергеровиот синдром, имаат малку полесно секојдневие. Овие лица развиваат говор, поседуваат вештини за самостојно живеење и притоа се исклучително интелигентни и насочени кон една работа во која се беспрекорни. За разлика од нив, нискофункционалниот аутизам не развива говор, при што е можна ехолалија (бесмислено повторување на делови од реченица или цели реченици) или, пак, неразбирливо говорење. Овие лица не развиваат вештини за самостојно живеење и имаат потреба од поддршка низ целиот живот. Сето ова влијае на целокупното семејство, кое неминовно ја губи карактеристиката на типично семејство. Оваа книга е универзален модел за општиот живот на родителите на деца со посебни потреби, но се темели на моите лично преживеани ситуации со нискофункционален аутизам, вели Беќировиќ-Трпчевска.

Книгата е во издание на „Арс Либрис“.

0 Коментари

Остави коментари