Онлајн дебата: ,,Дигиталната писменост – неопходни вештини за онлајн настава"во организација на икс и делегацијата на ЕУ
Foto

Онлајн дебата: ,,Дигиталната писменост – неопходни вештини за онлајн настава"во организација на икс и делегацијата на ЕУ

Дигиталните вештини се нужност и се исто толку важни како што е важно читањето, пишувањето, зборување и разбирањето.

Ова е еден од заклучоците на онлајн дебатата „дигиталната писменост – неопходни вештини за онлајн настава“ што ја организираа институтот за комуникациски студии и делегацијата на европската комисија во земјава како завршен настан од средношколскиот конкурс „биди медиумски активен“ за да се одбележи европската недела на медиумска писменост 2020.

Средношколците посочија дека новата ситуација поради пандемијата, ги стави на тест дигиталните вештини и кај учениците и кај професорите. Кризата и онлајн наставата ги покажаа слабостите за техничка опременост на училиштата, но и потребата за дообучување на наставниците. Учениците апелираат наставниците да го сменат актуелниот начин на предавање и оценување, бидејќи се уште се присутни методите од класичната настава: пишување домашни работи, фотографирање и оценување. На ваков начин, учениците се демотивирани и лесно го „заобиколуваат“ системот.

Министерот за образование и наука, арбер адеми кажа дека е свесен за недостатоците и дека еден од приоритетите е адаптација на образовниот процес за вакви услови. Посочи дека онлајн наставата е единствено решение кон кое се прилагодиле и покрај затекнатоста од новата ситуација. Тој укажа дека во иднина треба да се работи на надградба на образовните процеси за вакви ситуации.

0 Коментари

Остави коментари