ОНКОЛОГИЈА И ГИНЕКОЛОГИЈА БЕЗ СТРУЈА - ОД КЛИНИКИТЕ ТВРДАТ НИЧИЈ ЖИВОТ НЕ БИЛ ЗАГРОЗЕН
Foto

ОНКОЛОГИЈА И ГИНЕКОЛОГИЈА БЕЗ СТРУЈА - ОД КЛИНИКИТЕ ТВРДАТ НИЧИЈ ЖИВОТ НЕ БИЛ ЗАГРОЗЕН

Дел од скопските клиники останаа без струја.... Поради дефект во системот на електродистрибутивната мрежа падна Мој термин, a компјутерите на дел од клиниките се исклучиле. Пациентите на клинички велат дека морале да чекаат подолго за здравствена услуга.

АНКЕТА – Граѓани во Клинички Центар – Скопје

„Немаше струја може 20 минути, чекавме бајаги долго“

„Сега само што дојде струјата. Чекавме еден час“

„Снема и за некое време дојде, околу десетина минути немаше... И синоќа снема токму кога ги примавме инфузиите, но дојдоа службите и се среди проблемот“

Краток прекин на струјата имало синоќа на Клиниката за Гинекологија. Но службите веднаш реагирале и ниту едно бебе во инкубаторите на интензивна нега или кој било друг пациент не бил доведен во животозагрозувачка состојба, велат од клиниката.

„Во ниту еден момент било кој живот на било кој пациент не бил загрозен, така што тој тип на ширење на такви информации би рекла пред се дезинформации дека на било каков начин биле загрозени животите посебно на новороденчињата се навистина небулозни и надвор од здрав разум. Клиниката има 24 часовна техничка поддршка од инженери и електричари и навистина не постои шанса да бидат загрозени пациентите и ова не е ниту прв ниту последен пат ваков прекин на струја да се случи“ - Драгана Букилица – Портпаролка на Универзитетска Клиника за гинекологија и акушерство.

На клиниката за онкологија денеска снема струја. Директорот тврди дека само копјутерите се исклучиле додека апаратите биле поврзани на агрегат и немало никакви последици врз пациентите.

За среќа нашите апарати се поврзани на агрегат поврзани и немаат никакви последици од снемување на струја и ние немаме операциони сали за среќа и работи кои се многу позависни од струјата. Беа исклучени компјутерите кои се за мој термин и за редовното водење на терапијата, но им кажавме на пациентите и ова е прв пат за овие три четири години да снема струја на клинички центар. Веројатно бидејќи ЕВН е сега приватна компанија треба да поведе сметка може целиот Клинички блок и понатаму да го заштити самата служба затоа што веројатно дефектот е во некоја трафостаница.“ - Д-р Нино Васев – Директор на Универзитетска Клинка за онкологија.

Од ЕВН велат дека екипите веднаш реагирале, а корисниците биле префрлени на други напојни точки. Сега е нормализирано снабдувањето со електрична енергија информираат од ЕВН.

0 Коментари

Остави коментари