ОН: Светски лидери со пораки за признавањето на Палестина
Признавањето на Палестина – во фокусот на светските лидери во Обединетите Нации. Додека расте бројот на земји кои даваат зелено светло за палестинска држава и се чека говорот на Нетанјаху во петок, од седиштето на ОН се испраќаат остри пораки.
- Невини мали деца, само две или три години, без раце, без ноза, за жал станаа вообичаена глетка во Газа. Каква човечка совест може да го поднесе ова? Како може декој да остане нем на ова? - порача претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.
- Не го запревме Холокаустот. Не го запревме геноцидот во Руанда. Не го запревме геноцидот во Сребреница. Мора да го запреме геноцидот во Газа, изјави словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар.
- Ако понатамошните акции го попречат постигнувањето решение за две држави, Јапонија ќе биде принудена да преземе дополнителни мерки како одговор, изјави јапонскиот премиер Шигеру Ишиба.
А Италија, ќе ја признае палестинската држава, но само по ослободувањето на заложниците и исклучувањето на Хамас, порача Мелони од Њујорк.
– Најавив дека мнозинството во собранието ќе предложи предлог во кој се наведува дека признавањето на Палестина мора да е условено со два услова:ослободувањето на заложниците и исклучувањето на Хамас од било каква улога во управувањето на Палестина, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони.
Во моментот - 156 земји ја признаа палестинската држава, вклучително и четири од петте вето сили на ОН: Обединетото Кралство, Кина, Русија, Францијa - без САД. Доналд Трамп им порача дека признавањето го наградува Хамас.
Македонија, пак, засега е со црвен картон за Палестина – владата нема намера да ја признае, допрва ќе се консултира со стратешките партнери. Експертите децидни – во Газа има маскр, ниедна држава не смее да се крие.
- Мислам дека грешиме на тој план. Ова што се случува во Газа е невиден масакр. Ова е геноцид врз Палестинците. И никој нормален, ниедна нормална држава не може да се крие и да не реагира, порача аналитичарот Ристо Никовски
- Жалосно е кога гледаш дека Македонија и Албанија апстинираат од гласањето, изјави аналитичарот Несими.
Македонската делегација во ОН Нации во Њујорк е предводена од шефицата на државата. Сиљановска Давкова, вечерва ќе има тет а тет средба со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, кој, на Конференцијата за решение за две држави ( Палестина и Израел), порача дека државноста на Палестинците е човеково право, а не награда.
Македонската делегација не присуствуваше на Конферецијата, а на почетокот на септември гласаше и воздржано за резолуцијата за поддршка на влада на Палестина - без Хамас.

