Он лајн наставата е траума за децата, дојавите за бомби покажаа слабост на системот
Анонимните дојави за поставени бомби изминатиов период во основните и средните училишта нанесуваат стрес кај професорите и учениците.
„Ако системот не може ова да го реши што бараме ние внатре во системот?“ - се дел од комантарите на младите, а просветните работници потенцираат дека училишните клупи се природната средина на младите. Онлајн наставата е најголема траума за учениците, а во исто време целиот процес раѓа и недоверба во системот. - вели универзитетската професорка Софија Георгиевска за ТВ 24.
Родителите со бурни реакции за повторното враќање на онлјан наставата. Велат дека не сите се во можност постојано да бидат дома во период кога децата треба да се вклучат, затоа што се на работа, некои родители пак не се во можност да обезбедат два компјутери за децата...
Потребно е образование кое ќе создава активни и совесни граѓани. Претставниците од сојузот на средношколци со став дека се против онлјан наставата како единствено решение.
Од министерството за образование и наука препорачуваат во деновите кога во училиштата ќе има заканувачки дојави-по евакуирањето на професорите и учениците, истите да се насочат кон дома од каде би се приклучиле на онлјан настава.
- Веруваме дека сите чинители на воспитно-образовниот процес ќе ја прифатат и ќе постапат по оваа препорака, бидејќи истата има за цел задоволување на најдобрите интереси на учениците. Најголем дел од учениците и наставниците имаат исклуство со онлјан настава која се реализираше додека траеше пикот на пандемијата со Ковид-училиштата обезбедија ИТ опрема согласно потребите на професорите. - велат од МОН.
Денеска до 10 часот во МВР било пријавено дека 19 средни и 8 основни училишта во Скопје како и едно основно училиште во Прилеп, на електронските адреси добиле порака со закана дека некаде во објектот е поставена бомба.