Омикрон сојот молневито се шири, Израел подготвува четврта доза вакцина

Омикрон може да предизвика помала стапка на заболување од другите видови коронавирус, но брзото ширење на болеста сè уште се заканува да ги оптовари болниците, предупредува првиот човек на агенцијата за заразни болести на САД, Ентони Фаучи.

Омиокрон верзијата доведе до брз скок на бројот на заразени пред се во САД и Велика Британија каде бројката на нови случаи на дневно ниво достигнува и до 100 000 ...

„Не треба да бидеме поспокојни. Ако многу, многу повеќе луѓе се разболат, тоа би можело да ги поништи позитивните ефекти од намалувањето на тежината на болеста. - изјави Ентони Фаучи директор на центарот за заразни болести на САД.

Израел пак почнува со давање четврта доза вакцина против коронавирус. Стотина здравствени работници од клиника во Тел Авив, ќе добијат уште една, втора бустер доза, од вакцините. Според преставници на израелската влада ова ќе преставува тест пред да почне вакцинацијата и кај остатокот од населението...

Од Светската Здравсвена Организација се надеваат дека новите лекови ќе ја олеснат борбата против Ковид-19 во 2022 година. Директорот на СЗО за Европа Ханс Клуге вели дека вакцините од следната генерација ќе бидат поефикасни против новите варијанти на коронавирус што ќе се појават низ целиот свет. 

„Јас сум ентузијаст за новите антивирусни лекови кои најверојатно ќе се појават на пазарот во 2022 година и кои значително ќе ги зголемат шансите за преживување на пациентите примени во болница со тешка форма на Ковид-19. Не можам да ја предвидам иднината. Но, треба да се забележи дека сегашните вакцини се првата генерација вакцини за Ковид-19. Идните вакцини ќе бидат поусовршени и приспособени на новите варијанти, што ќе ги направи поефикасни. Тоа е процес сличен на оној што веќе се случува со вакцините против грип, кои речиси секоја година се приспособуваат на новите соеви.“ - изјави Ханс Клуге – директор на СЗО за Европа.

А на  меѓународниот ден на подготвеност за епидемии, првиот човек на Обединетите Нации, Антониот Гутереш, стравува дека Пандемијата на Ковид-19 нема да биде последна за човештвото, и веќе треба да се подготвиме за следната.

„Ковид-19 нема да биде последната пандемија со која ќе се соочи човештвото. Додека се бориме со оваа здравствена криза, мора да се подготвиме за следната. На Меѓународниот ден на подготвеност за епидемии, да се фокусираме на ова прашање и да му ги дадеме вниманието и инвестициите што ги заслужува.“ - изјави Антонио Гутереш.

На крајот на декември 2019 година кинеските власти ја информираа Светската Здравствена Организација за непозната форма на пневмонија во градот Вухан во централна Кина. Оттогаш, вирусот се прошири на сите делови на светот. На 11 март 2020 година, организацијата ја прогласи епидемијата за глобална пандемија.