„Омикрон“ го затвори светот

Денеска во Бугарија пристигнаа првите вакцини за деца од 5 до 11 години од Фајзер. Дозите ќе бидат во помали количини отколку кај возрасните. Вакцината е одобрена за употреба, а Центрите за контрола на болести препорачуваат децата да се вакцинираат. Во Бугарија ќе бидат отворени и посебни пунктови за вакцинација на децата. 

- Дозата за децата е една третина од таа на возрасните, возрасните примаат 30 микрограми, додека децата ќе примаат 10 микрограми. Интевалот помеѓу двете дози ќе биде 21 ден. Како што е и дозата за возрасните.  

Во Германија пак наместо вакцината на Бионтек/Фајзер, на повеќе деца во германската покраина Северна Рајна Вест-фалија им била дадена вакцината од Модерна. Иако за нив досега има дозвола само за примање на вакцината на Бионтек. По барање на родителите случајот е пријавен во полиција. Грешката ја утврдиле самите лица кои вакцинирале, се вели во соопштението, но не се наведува за колку деца станува збор. Центарот за вакцинирање сега ќе проверува како течело вакцинирањето на децата и во други случаи. 

„Доколку се утврди дека има и други деца , родителите ќе бидат известени за тоа.“ - Соопштение на округот Олпе 

Одлука за вакцинација на децата против Ковид 19 донесе и Белгија ќе се вакцинираат децата на возраст од пет до 11.Овие деца ќе имаат приоритет и ќе бидат повикани да ја примат вакцината пред крајот на месецот. 

Во меѓувреме европските земји се борат со новиот сој на Ковид 19 Омикрон. Од полноќ во австрија е на сила нов режим за влез во државата, според кој без карантин можат да влезат само оние кои примиле бустер доза. Според новата регулатива, во земјава можат да влезат само лица кои имаат потврда за вакцинација или за прележан ковид-19, но со негативен пцр тест, не постар од 72 часа. Секој што ќе влезе во Австрија без тест и не примил бустер доза ќе мора да оди во десетдневен карантин. Британија пак се соочува со нагло зголемување во бројот на позитивни ковид-случаи со повеќе од 82 886 заразени, што се должи на варијантата омикрон.  

Европските земји се ставаат и на црверна листа за влез во Израел, односно  Италија, Белгија, Германија, Турција, Унгарија Швајцарија се најдоа на оваа листа на патната табела која ќе важи од полноќ на 22 декември. На спорната листа веќе има повеќе од 50 земји вкупно од океанските острови и Европа.