Оливера триумфираше во „кралската класа“ на ГН на Каталуња
Foto

Оливера триумфираше во „кралската класа“ на ГН на Каталуња

Португалецот Мигел Оливеира е победник на седмата трка од шампионат во Мото ГП што се возеше за Големата награда на Каталонија. 

Возачот на КТМ Рејсинг, до својата прва овосезонска победа, а трета во „кралската класа“,  стигна во возбудлив финиш пред Жоан Зарко на Дукати.  

Покрај нив на пиедесталот се најде и Австралиецот, Џек Милер иако Фабио Квартараро од Јамаха трет ја мина целта. Но, Французинот заработи казна од три секунди па на крајот мораше да се задоволи со четвртото место.  

Сепак, Квардараро останува лидер во Генералниот поредок сега со 118 бодовиили 17 повеќе опд сонародникот и Зарко.

0 Коментари

Остави коментари