Оли победи на фестивалот Сан Ремо 2025 и ќе ја претставува на Италија на Песна на Евровизија

Пејачот Оли со песната „Глупава носталгија“ е победник на 75тото издание на фестивалот на италијанската песна Сан Ремо и претставик на Италија на Песна на Евровизија. Традиционално фестивалот има пет вечери, а секогаш со нетрпение се очекува големото финале. Годинава на фестивалот настапија 29 изведувачи, вклучувајќи ги и петмината најдобри изведувачи од фестивалот „Нови предлози“ кој се одржа минатата година. 

Карло Конти годинава имаше и помошници на сцената за кои истакна дека сите имаат професионален талент, секој со своја „боја“ од илјада и различни нијанси. 

Првата вечер ја отвори Конти на кои ги претстави сите учесници и ги презентираше новите правила на гласање на фестивало. На втората вечер на сцената му се придружија Бјанка Балти, Нино Фрасика и Кристијано Малџољо. Третата вечер ко-домаќини беа Катиа Фолеса, Елетра Ламборџини и Мириам леона. На четврата вечер се појавија Гепи Кучиари и двојниот победник на фестивалот и претставник на Италија на Песна на Евровиизја Махмуд. Големото финале, Конти го водеше со Алесандро Кателан и Алесија Маркузи.

На првата вечер беа претставени сите 29 учесници, иако раперот Њмиси Килиа требаше да настапи како последен учесник, но поради правни пречки, беше принуден да го откаже настапот, а Раи објави дека нема да бара замена.

На втората, настапија 15 изведувачи кои се пласирале најдобро од првата вечер заедно со најдобрите пет изведувачи од фестивалот „Нови предлози“ кои традиционално се одржува пред Сан Ремо и од каде најдобрите пет изведувачи обезбедуваат учествот на фестивалот.

Третата вечер беше резервирана за повторно преслушување на најдобрите 15 изведувачи.

Четвртата вечер наречена дуети не влегува во официјалната трка за финалето. на оваа вечер, изведувачите настапуваат со изведувач по нивна желба и со песна која била популарна претходните години, на фестивалот или песна што ја изведува светски музичар. Џорџија со нејзината верзија на Skyfall на Адел во дует со Аналиса победија на четвртата вечер. Второто место му припадна на дуетот Лусио Корси и Топо Џиџо и изведбата на евергринот „Сино обоено во сино“ Доменико Модуњо, светски позната како Volare. Федез го освои второто место со Марко Масини и песната „Силна и убава“, Оли во придружба на Горан Бреговиќ и неговиот Wedding & Funeral Band ја изведоа песната „Рибар“од Фабрицио Де Андре. Брунори Сас со Рикардо Синигалија и Димартино во песната “Годината што доаѓа“ од Лусио Дала го освоија петото место. На оваа вечер се гласаше преку телевоутинг, жири од прес-салата, жири за ТВ и веб и жири за радио.

Пејачот Септември е со песната Vertebre победник на 75-тото издание на Фестивалот на италијанската песна во категоријата Нови предлози. Младиот уметник го победи Алекс Вајс кој стигна до финалето со песната Rockstar. Победата ја доби преку комбинација на гласовите на прес-салата, ТВ и веб-жирито (33%), жирито на радиото (33%) и јавноста преку Телевоутинг (34%). Тој се закити и со наградата на критиката „Миа Мартини“ и наградата на новинарите „Лучио Дала“.

За публиката секогаш биле атрактивни и најавите за специјалните гости кои се соопштуваат пред самиот почеток на фестивалот. На првата вечер настапија Ноа и Мира Авад кои ја изведоа песната „Имагине“ на Џон Ленон, ѕвездата од 90тите Лоренцо Џованоти, Џанмарко Тамбер и Раф. на втората вечер гости беа поранешните изведувачи на Сан Ремо, Дамиано Давид, пејачот на групата „Манескин“ кои и ја донесоа победата на Италија во 2021.Алесандро Борги, Франческо дел Гаудио, Алесандо Герваси, Бог мама. Третата вечер беше највпечатлива со настапот на Дуран Дуран, кои точно пред 40 години, за прв пат се појавија како специјални гости на фестивалот. На гистара ги придружуваше Виториа де Ангелис, членка на групата „Манескин“. Бендот ги изведе нивните познати хитови, а за крај го изведоа и хиртот „Диви момчиња“. На четвртата вечер се појави Оскаровецот Роберто Бењини. на големото финале како гости се појавија Махмод,Габри Понте, фудбалерот на Фјорентина Едоардо Бове, (кој пред два месеци колабираше за време на натпреварот против Интер Милан и неколку дена беше во индуцирана кома), Ванеса Скалера, Алберто Ангела, Бјанка балти, Planet Funk и Тедуа.ава се доделија и специјалните награди за животно дело на Ива Заничи пејачката со најголем број учества на фестивалот  и трикратен победник,  на Антонело Вендити на третата и петтата вечер, соодветно, а на првата вечер на отворањето му беше одадена почит на починатиот пијанист Ецио Босо.

После полноќ започна гласањето, а публиката беше видно незадоволна од резултатите. На крајот се гласање за петте најдобри, Федез, Симоне Кристиќи, Брунари Сас, Лучо Корси и Оли. Беа доделени и наградите за текст, аранжман, продукција, награда на критичарите и новинарите. Џорџа ја доби наградата за најгласан изведувач на интернет.

Според бројот на сите гласови, победник на 75тото издание на Сан Ремо е Оли со песната „Глупава носталгија“, а кој на четвртата вечер настапи со Горан Бреговиќ. Тој ќе ја претставува Италија на Песна на Евровизија во мај во Базел, Швајцарија.