Окрупнува поддршката за интерпелација на републичкиот обвинител Љубомир Јовевски – се приклучи и Левица

Окрупнува фронтот за поддршка на интерпелацијата за работата на Републичкиот јавен обвинител Јовески.  Пратениците на Левица, Апасиев и Крмов, се приклучија кон Интрепелацијата инцинарана од партиите од албанскиот политички блок. Од Левица велат дека Јовевески наместо да даде одговори и да понесе одговорност за повеќе случаи кои не добија епилог-тој чека да биде изгласан за уставен судија. 

Алармираме дека од поставувањето на чело на Јавното обвинителство на РМ, Јовески смислено се стави во улога на ангел-чувар на крупниот организиран криминал, додека кривичниот прогон е резервиран само за ситните престапници. Неспособниот Јовески, кој очекува како награда за неговата послушност кон корумпираните властодржци, да биде избран за судија на Уставниот суд – ја сведе оваа важна институција задолжена да се бори со криминалот, на карикатура која е привезок на антинародниот хибриден режим предводен од СДС, ДУИ и ДПМНЕ-велат од Левица.

Интерпелацијата за Јовески ја поднесоа пратениците од Алтернатива, БЕСА и Демократско движење пред две недли. Поддршка за интрепелацијата најавија и од Вмро-дпмне. Една од клучните забелешки за Јовески е предметот со тетовската модуларна болница. 

Семејствата на жртвите по повеќе пати протестирање меѓудругото побараа и разрешување на Јовески и останатите обвинители кои работат на предметот.