Ѓоковиќ со нов рекорд – седма титула на АТП-финалето
Новак Ѓоковиќ ја освои седмата титула во финалето на АТП-серијата и го престигна својот „вечен ривал“ Роџер Федерер.
Српскиот ас вечерва на завршниот Мастерс-турнир во Торино, Италија, го совлада фаворитот на домашната публика Јаник Синер во двата сета со 6:3, 6:3.
Ѓоковиќ до финалето стигна по победата на Карлос Алкараз, додека Синер во полуфиналето го победи Данило Медведев.
„Многу посебен момент. Една од најдобрите сезони што сум ги имал во животот. Круна е победата против локалниот херој Јаник. Тој е феноменален. Многу сум горд. Во последните два дена играв против Алкараз и Синер, двајца од најдобрите играчи покрај Медведев и мене. Морав да се засилам. Феноменална недела“, изјави Ѓоковиќ.