Ѓоковиќ се пласира во финалето во Париз

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, ќе игра во финалето на мастерс турнирот во Париз, откако вечерва по голема борба и во меч што траеше три часа со пресврт го совлада Андреј Рубљов (5-7, 7-6, 7-5).

Без разлика што дуелот беше исцрпувачки, 36-годишниот српските тенисер најде енергија во клучните моменти да направи брејк кој значеше триумф.

Рубљов поведе со 1:0 такашто направи брејк во 12-от гејм (7:5), но откако продолжи да се заканува и на стартот на вториот сет, се чинеше дека му треба многу малку за триумф. Новак не се предаде и не дозволи такво сценарио, па откако успеа да се избори за тајбрејк, славеше во овој дел од играта со 7:3 и го однесе мечот во решавачки трет сет.

Србинот зема долга пауза пред почетокот на одлучувачкиот сет и замина во соблекувалната пред да побара медицински тајм-аут, по што почна да игра како ништо да не било и на крајот славеше со клучен брејк направен во 12-от гејм (7:5).

Ѓоковиќ во утрешното големо финале ќе ги одмери силите со Бугаринот Григор Димитров, кој претходно денеска, исто така во меч кој траше два ипол часа, го совлада Стефанос Циципас.