Ѓоковиќ прв финалист на Мастерсот во Рим
Foto

Ѓоковиќ прв финалист на Мастерсот во Рим

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ се пласира во финалето на турнирот во Рим. Во полуфиналето, попладнево Србинот го победи Каспер Руд од Норвешка.

Во меч којшто траеше 2 часа и 12 минути, Ѓоковиќ го доби првиот сет со 7:5, а во вториот славеше со 6:3.

Ривал на Ѓоковиќ во утрешното финале ќе биде победникот од дуелот Денис Шаповалов (Канада) – Диего Шварцман (Аргентина).

Наградниот фонд на Мастерсот во италијанската престолнина изнесува 3,4 милиони евра.

0 Коментари

Остави коментари