Ѓоковиќ ја започна сезоната со трофеј
Foto

Ѓоковиќ ја започна сезоната со трофеј

Светскиот рекет број 1 во машкиот тенис, Новак Ѓоковиќ ја започна новата сезона со трофеј, иако на егзибициски турнир во Абу Даби. Србинот го совлада Кевин Андерсон (Јужна Африка) со 4:6, 7:5, 7:5 за нешто повеќе од два часа игра.

Шестиот тенисер на АТП листата покажаа дека неговата победа над Надал во полуфиналето не е случајна и тој го освои првиот сет со 6:4, откако направи еден брејк на сервис на противникот.

Во следниот сет, Србинот се врати и го освои со 7:5 по еден брејк. Во третиот сет, Ѓоковиќ пропушти да го затвори натпреварот со 6:4, дозволувајќи му на Андерсон да спаси три меч топки и да стигне до 5:5. Србинот сепак направи брејк во следниот гем и го затвори сетот на свој сервис со 7:5.

Дуелот Андерсон-Ѓоковиќ беше повторување на финалето на „Вимблдон“ од оваа година и петти за двајцата во 2018 година, а Србинот забележа четири победи над ривалот.

Претходно, Русинот Карен Хачанов победи со 6:3, 4:6, 10:3 над Доминик Тим (Австрија), кој во борбата за третото место влезе по повлекувањето на Рафаел Надал.

0 Коментари

Остави коментари