Ѓоковиќ го победи Циципас во финалето на Мастерсот во Мадрид
Foto

Ѓоковиќ го победи Циципас во финалето на Мастерсот во Мадрид

Србинот Новак Ѓоковиќ е победник на Мастерсот во Мадрид, откако вечерва во финалето го совлада грчкиот тенисер Стефанос Циципас со 2-0.

Во меч кој траеше еден час и 33 минути, Србинот првиот сет го доби со 6:3, а вториот со 6:4.

Турнирот во Мадрид се играше за награден фонд од 6,5 милиони евра.

Во женска конкуренција трофејот го освои Кики Бертенс од Холандија. 

0 Коментари

Остави коментари