Ѓоковиќ експресно го совлада Нишикори за полуфинале на олимпискиот турнир
Foto

Ѓоковиќ експресно го совлада Нишикори за полуфинале на олимпискиот турнир

Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ, се пласираше денеска во полуфиналето на олимпискиот турнир во Токио, откако го совлада домашниот тенисер Каи Нишикори со 6:2, 6:0.

За пласман меѓу четири најдобри тенисери на Олимписките игри на Ѓоковиќ му беа потребни 70 минути.

Ѓоковиќ, кој освои бронзен медал на Игрите во Пекинг во 2008 година, за противник во полуфиналето ќе го има поуспешниот од натпреварот меѓу петтиот тенисер на светот, Германецот Александар Зверев, и Французинот Жереми Шарди (68).

Втората полуфинална двојка на турнирот во Токио ја сочинуваат Пабло Карењо – Буста (Шпанија) и Карен Хачанов (Русија).

0 Коментари

Остави коментари