Околу 80 отсто од лекарите во земјава биле навредувани, малтретирани или удрени на работно место

Колку се безбедни здравствените работници додека се обидуваат да спаст нечии живот, односно си ја вршат работата? Анкета спорведена меѓу нив покажува дека околу 80 отсто од лекарите во земјава биле навредувани, малтретирани или удрени на работно место, овие податоци ги обајви Лекарската комора по повод одбележување на 12 Март, европски ден против насилството врз здравствените работници, кој годинава се одбележува во четврти пат.

Бројките добиени минатата година покажуваат дека 77,9 отсто од лекарите одговориле дека доживеале физичко или вербално насилство на работното место во текот на работниот век. Од нив 79,9 отсто одговориле дека доживеале вербално насилство со викање и навредување, додека 34,5 отсто биле 5,2 отсто биле изложени на физичко насилство без телесна повреда, а 13 испитаници доживеале физичко насилство со телесна повреда. Кој се профилите на пациенти кои знаат да бидат насилни д-р Лили Чолакова-Дервишова за нашата телевизија вели дека тоа се најчесто луѓе чие психичко здравје е нарушено или пак пациент кој изразува револт.

Чолакова сепак апелираза да се подобри безбедноста на здравстевниот работник, потребни се поголеми промени во системот.

Од Лекарска комора во земјава пак додаваат дека важен исчекор во оваа насока е усвојувањето на измените на Кривичниот законик со кои вербалното и физичкото насилство над лекарите и другите здравствени работници се смета за кривично дело “спречување службено лице во вршење службено дејствие”. Светската здравстена организација пак извести дека до 38% од здравствените работници трпат физичко насилство во одреден момент од нивната кариера, а многу повеќе се изложени на вербална и онлајн злоупотреба.