Околу 50 функционери, пратеници, обвинители, градоначалници се под лупа на ДКСК за потекло на имот
10 пратеници, 10 министри, 10 судии, 10 обвинители,10 актуелни градоначалнмици и 10 поранешни градоначалници с епод лупа на Антикорупциската комисија која ќе го испитува потеклото на имот. За ваквите постапки кои ги работи ДКСК велат дека најчесто како иницијативи ги доставуваат до Финансиска полиција или Обвинителство. За крајниот исход, велат од ДКСК, ќе треба да се почека од постапките на останатите надлежни институции.
Адем Чучуљ – претседател на ДКСК: За вистинска борба против корупција неопходно е донесување на Закон за потекло на имот, кој треба да овозможи следење на имотото на сите граѓанивели поранешната претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска.Потенцира дека доколку с еутврди несразмерно зголемување на на имот истиот би се конфискувал но по претходно испитување на потеклото.
Билјана Ивановска – поранешна претседателка на ДКСК: „ Практично тоа значи електронско следење преку поврзување на постојните бази на податоци ( од трансакциска сметка,од Катастар, УЈП,МВР и сл.). Преку поставување на црвени знаменца би се имало увид во имотот со ризично потекло. Ова дотолку повеќе поради фактот што носителите на јавни функции, во сегашните услови, можат да пријават имот на друго лице кое не е функционер...а тоа лице никому не дава отчет. Затоа е потребно системско решение што ќе ги опфати сите.“ - вели поранешната претседателка на ДКСК, Вилјана Ивановска.
Дел од мислењата на експертите се и тоа дека во Македонија, кога е во прашање корупцијата, постои отсуство на правна разврска за високата корупција и создавање на култура на некзанивсот.

