Околу 2.500 потрошувачи до 31 март треба да излезат на слободниот пазар на електрична енергија
Foto

Околу 2.500 потрошувачи до 31 март треба да излезат на слободниот пазар на електрична енергија

Околу 2.500 правни субјекти треба до 31 март да излезат на слободниот пазарна електрична енергија. Станува збор главно за јавни претпријатија во државна сопственост и во сопственост на општините кои до овој рок треба да изберат снабдувач на електрична енергија.

Доколку до 31 март не излезат на слободниот пазар на електрична енергија, постои опасност да бидат исклучени од електродистрибутивната мрежа.

Од оваа обврска се изземени градинките, домовите за стари лица и интернатите бидејќи тие се во категорија на потрошувачи домаќинства.

0 Коментари

Остави коментари