Околу 15 илјади кандидати во училишните холови и сали полагаа мајчин јазик на државната матура
Започна полагањето на државната матура по задолжителниот предмет мајчин јазик. Средношколците годинава кои завршуваат четврта година го полагаат првиот ектерен испит од државната матура.
Учениците годинава државната матура ја полагаа во холовите и спортските сали каде што го завршуваат средното образование или пак во најблиското училиште каде што има услови согласно со правилникот на Државниот испитен центар.
Директорката на државниот испитен центар Билјана Михајловска посочи дека, сите кои имаат идентичен текст со некој друг не само што текстот ќе се бодува со нула поени туку и целиот тест ќе биде вреднуван со нула поени. Исто така таа кажа дека има мерка во правилникот за тие што препишувале не се дозволува ни преполагање во август.
„Препишувањето е неисплатливо затоа што дури и ако успеат и денес да ги прекршат правилата и да извадат телефон и да препишиуваат истото тоа ќе биде видено и прочитано во текот на оценувањето оваа година секој препишан тест односно текст кој што е идентичен со некој друг кој што делови се идентични не само што ќе се бодува со 0 поени туку целиот тест се бодува со 0 поени и се поништува испитот. Јас апелирам до уцхениците да не препишуваат исто така до тестаторите да не дозволуваат препишување бидејќи не е им прават услога на децата.“ - вели Билјана Михајловска директорка на државен испитен центар.
Директорот на Орце Николов Митко Димовски вели дека ваквиот вид на тестирање од страна на учениците генерално на почетокот бил со подлени мислења, потоа потоа со разговор за кратко време се согласиле.
„Малку требаше повеќе организација во простор за да може да се организираме. Ние конкретно сите ученици од нашето учиулиште полагаат тука во нашето училиште“ - вели Митко Димовски директор на Орце Николов.
Подлени мислењата кај дел од учениците кои што ги прашавме. За едни од нив државната матура била по прилична сторга, други пак со став дека поминале добро и без премногу потешкотии.
„Во однос на минатите години беше по строго и по стегнато“
„Не беа најстроги, меѓутоа испит е секоа година се строги нема што сакаш да правиш“
„Мерките не беа толку строги како што беше планирано, ни дозволија во тоалет да одиме и не беше толку напнато како што беше предвидено.“
„Да релативно да “
„Да имаше не можеше да се мрдне внатре“
„Да имаше искрено, беше строго постојано поминуваа и надгледуваа.“
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири вели дека намерата за полагањето на државната матура во холовите и спортските сали е за полесна контрола на набљудувачите и тестаторите во државната матура како да имаат полесна контрола и увид во однесувањето на учениците за време на полагањето.
„Намерата е да се обезбеди поголема транспарентност и објективност на процесот. Оние кои се вклучени како набљудувачи и тестатори во државната матура, на овој начин имаат полесна контрола и увид во однесувањето на учениците за време на полагањето и практично очекуваме да бидат елиминирани обидите за манипулации и злоупотреби одредени начини или помагала при пополнувањето на тестовите.“ - велиЈетон Шаќири министер за образование и наука.
Задолжителниот испит по македонски, албански и турски јазик од државата матура се полагаше денес низ средните училишта во Македонија. 14.838 кандидати се пријавени за испитот по македонски јазик и литература, 10.093 за албански јазик и литература, 4189 за турски јазик и литература.

