Околу 12000 евра ќе потроши Општина Охрид за новогодишното украсување

Околу 12000 евра ќе потроши Општина Охрид за новогодишното украсување и празничната програма.

Градоначалникот Пецаков вели ова се коси со одлуката на Владата за празнично штедење, но Охрид е туристички град и туризмот нема да трпи. Буџетот е обезбеден, а јавното осветлување на градот го врши приватна фирма која има посебен договор за набавка на струја.

Туристи за празниците во Охрид очекуваат и хотелиерите но велат тоа минималнл ќе ги ублажи штетите од високите сметки за струја кои пристигнуваат секој месец. Сеуште чекаат на помош од државата.

Голем дел од хотелите изминативе месеци инвестираа во фотоволтаици со цел да ги намалат давачките за струја. Некои пак ги затворија објектите и со работа ќе почнат дури од пролет.