„Охридско лето“: Отворање со со четири светски познати тенори од Италија

Неколку недели не делат од почетокот на најреномираната манифестација со интернационален предзнак во нашата земја, “Охридско лето”, која на 12ти јули на Античкиот театар ќе биде отворено со четирите светски познати тенори од Италија, Алесандро Косентино де Акриса, Федерико Сера, Џовани Мариа Палмиа и Уго Тарквини под диригентската палка на Лоренцо Бицари и придружувани од оркестарот на Националната опера и балет. 

Што друго може публиката да очекува кога станува збор за програмата, дознаваме од директорката на фестивалот „Охридско лето“, Наташа Поповиќ која беше гостинка во емисијата Неделен микс со колешката Марија Латиновска.