Охридските пчелари три години без субвенции – лажниот мед и нелојалната конкуренција полека го гасат пчеларството
Охридските пчелари се соочуваат со еден од најтешките периоди во последните неколку децении. Додека трошоците за одржување на pчелните семејства драстично растат, државната поддршка целосно изостанува. Локалните пчеларски здруженија алармираат дека сè уште ги немаат добиено субвенциите за 2024, 2025 и 2026 година, што дополнително ја јаде финансиската кондиција на овој сектор.Неисплатените субвенции за три последователни години го ставаат на тест опстанокот на десетици семејства од охридскиот регион на кои ова им е примарна или значајна дополнителна дејност.
Но, финансиската блокада од државата е само половина од проблемот. Она што уште поболно го погодува секторот е нелојалната конкуренција и се поприсутниот лажен мед на пазарот. Охридскиот регион, познат по исклучително квалитетниот шумски и ливадски мед, сè потешко се справува со инвазијата на евтини, вештачки шеќерни сирупи и фалсификати кои се продаваат по пазарите и рафтовите под името „природен мед“.
Ваквиот притисок резултира со драматичен пад на бројот на пчелари во Охрид и околните села. Младите сè поретко се одлучуваат да го продолжат занаетот, а постарите пчелари поради нерентабилност ги намалуваат или целосно ги ликвидираат своите пчеларници Доколку надлежните итно не реагираат со исплата на задоцнетите субвенции и поригорозни контроли против фалсификатите на пазарот, охридското пчеларство ризикува целосно да замре, а со тоа да се наруши и природната рамнотежа во регионот.

