Охридските музичари на протест: Концерти и фестивали може, а музика во кафеани не
Foto

Охридските музичари на протест: Концерти и фестивали може, а музика во кафеани не

Кога веќе може да се организираат фестивали и концерти зошто не можеме и ние да имаме живи свирки во угостителските објекти- прашуваат музичарите од Охрид и Струга кои денеска на мирен протест побараа од надлежните измени во протоколите односно дозвола за работа со цел да си ја спасат професијата, буџетот и животната егзистенција.

Музичарите велат дека со забраната за живи свирки на најголем удар се туристичките центри но и самите локали кои во сезона нема што да им понудат на гостите.

Музичарите кои денеска беа дел од протестот во Охрид, потенцираат дека барањата немаат никаква политичка позадина и очекуваат разбирање и помош од  надлежните власти.

0 Коментари

Остави коментари