Охридскиот регион го задржа статусот на Унеско
Уште две години рок му даде УНЕСКО на Охридскиот регион да ги исправи недостатоците и да ги исполни забелешките од последениот извештај на експертите.
Ова е официјалната одлука на Комитетот кој после три дена расправа дури денеска ја соопшти конечната одлука.
Ова значи дека Босна и Херцеговина која го побара дополнителниот рок за регионот и Норвешка која изречито беше за ставање на листа во опасност на крај ги испеглале ставовите и последната одлука е дека сепак на оваа 44 та сесија Македонија и Охрид го избегнаа преместувањето во опасност.
Благодарност за новата можност изрази министерот за животна средина Насер Нуредини кој потенцираше дека во иднина многу посилни ќе бидат ангажманите и заложбите за регионот да ја оправда оваа новодадена но втора по ред шанса.
Активистите од Охрид СОС повторно потсетија на штетата која ќе продолжи да ја трпи природното и културното богатство од давањето на ваков нов рок за регионот.
Градоначалникот на Охрид и премиерот Заев вчера рекоа дека давањето нов рок ќе значи поголема мотивација и понапорна работа идниот период за зачувување на регионот. Најавите се дека после туристиката сезона ќе продолжи уривањето на дивоградбите долж крајбрежјето.