ОХРИДСКИОТ ГРАДОНОЧАЛНИК ТВРДИ ДЕКА НОВАТА ПЕТКАТНИЦА Е ВО СОГЛАСНОСТ СО УРБАНИСТИЧКИОТ ПЛАН
Foto

ОХРИДСКИОТ ГРАДОНОЧАЛНИК ТВРДИ ДЕКА НОВАТА ПЕТКАТНИЦА Е ВО СОГЛАСНОСТ СО УРБАНИСТИЧКИОТ ПЛАН

Градоначалникот Георгиевски уверува дека постои пат по кој станарите ќе можат слободно да стигнат до дома откако ќе биде изградена новата петтокатнциа во центарот на градот и ги одбива нивните тврдења дека им се загрозени правата на домување. Оваа негова реакција доаѓа после вчерашниот прилог на тв 24 откако група граѓани станари од строгиот центар на Охрид се пожалија дека се жртви на нов урбанистички хаос оти пред нивната зграда почна да се гради нова петткатница која целосно им го затвора влезот дома. Георгиевски потенцира дека градбата е согласно урбанистичкиот план а при крај била и експропријацијата на земјиштето во близина кое ќе биде премин до зградата и преку кое во иднина станарите од тој блок ќе си влегуваат дома.

Но ниту станарите ниту охриѓани не се така оптимисти дека некогаш ќе се среди урбанистичкиот хаос во градот како што најавува градоначалникот.
 

Иако досегашната динамика на рушење делува како шминка за јавноста Георгиевски уверува дека акцијата за отсранување на дивоградбите не е прекината ниту стопирана туку дека се спроведуваат правни постапки после кои истата ќе продолжи во континуитет.

За рушењето кое не се знае кога точно ќе продолжи општината во Новиот буџет планира да одвои повеќе од 10 милиони денари.

0 Коментари

Остави коментари