Охридска трансфузиологија како сцена од хорор филм

Распаднати зидови, мувла и влага во просториите, стар дотраен инвентар.Вистински хорор на охридска трансфузиологија. Граѓани алармираат за крајно нехумани и катастрофални услови и за пациентите и за вработените. Велат затворите во Танзанија нудат подобри услови.

„Во ваква МИЗЕРИЈА даруваме крв. Затворите во Танзанија имаат подобри услови. Црна мувла, влага насекаде, паѓаат ѕидовите, импровизирани стари прозори кои во секој момент може да ти паднат на глава. Поскоро ќе повратиш, па ќе даруваш крв, се разбира ако не избегаш. Колку и да се трудат вработените (кои се многу љубезни и посветени) да ни обезбедат убави и хигиенски услови не е возможно, бидејќи ова е буниште“. - се жалат граѓаните. 

Министерот за здравство Филипче вели има проект за изградба на нов објект  и истиот треба да се имплементира следната година.

Проблемот со нехуманите услови на одделот за трансузиолигија кој не ги исполнува ниту основните стандарди за лекување на пациенти, трае скоро една деценија но од година во година е се полошо и полошо. Оправдувањето на надлежните е дека реконструкцијата ќе била само неефикасна инвестиција и дека бил потребен период да се изработи проект за нов објект и да се издаде маркица за градба на истиот. Според планот објектот ќе се гради во кругот на болницата.