Охрид во знакот на 39-иот Меѓународен пливачки маратон

Охрид во знакот на 39-тото издание на меѓународниот пливачки маратон. Маратонот почна околу 11 часот кога во водата влегоа сите 16 пријавени 11 пливачи и пет пливачки. Патеката Климе Савин е долга 25 километри и се протега од Свети Наум до градското пристаниште во Охрид.  

Боите на Македонија оваа година ги бранат Александар Илиевски, Петар Цеков, Леонид Мишевски и Росана Гошев. Пливачите пливаа по мирно езеро а температурата на водата изнесувала 25 степени. 

Во машка конкуренција уште пливаат Матеа Видовиќ од Србија, Умит Кемал Џенгиз од Турција, Филип Лакас од Канада, Алесио Окипинти и Николо Ричарди од Италија, Енеко Саезмиера и Даниел Понсе Хименез од Шпанија, како и Кристијано Карамело Сантос од Португалија.

Во женска конкуренција, покрај Гошева, во водата се уште и Елена Лионело од Италија, Милица Љубисављевиќ од Србија и Аргентинките Рита Ванеса Гарсија и Мајте Ајлен Пука.