Охрид во скоро време нема да добие современ театар
Foto

Охрид во скоро време нема да добие современ театар

Иако помпезно најавуван низ годините наназад Охрид по се изгледа за скоро нема да го добие ветениот  современ  театар кој му е итекако неопходен со оглед на тоа дека постоечкиот долг временски период работи без елементарни услови  во склоп на Центарот за култура. Потребна е реконструкција на кровот, внатрешноста на објектот, Недостасуваат простории, опрема, објект кој ќе биде енергетски ефикасен  но недостигаат и ввработени.Актерите и режисерите велат секој театар треба да има свој дом, а не да функционира во простории на Центар за култура.

„За една млада театарска куќа полесно да функционира, да се зголеми бројот на претставите на репертоаорт, да се подигне квалитетот на претставите, потребни се значителни финансиски средства, кои ќе помогнато не само во зголемување на ансамблот, туку и во подобрување на инфраструктурните услови, објаснува директорот Стаматоски. Сеуште за жал немаме слух кај надлежното министерство. Но, се надевам дека во некоја блиска иднина иднина ќе се допринесе со еден таков храбар чекор, пред се за Охрид кој сакаме да го именуваме „градот на културата“, меѓутоа за да го заслужиме тој епитет, треба да вложиме.“- вели Стрезо Стаматоски -в.д.  директор НУ Центар за култура „Григор Прличев“.

На ист став е младата режисерка Дејана Николовска, која вели дека кадровските и инфраструктурни потреби се секогаш првите услови кои го определуваат квалитетот на продукцијата на една театарска куќа.

„Ограничен со тоа е и бројот на текстовите кои тука може да се работат, и авторите. Многу тешко е да земеш и да се нафатиш да работиш еден класичен текст, а тоа е нешто низ што секој респектибилен театар треба да го помине и треба да го има, така да за тетарот да се крене на едно повисоко ниво, потребни се вработувања и свежа крв.“- Дејана Николовска -режисер.

Најголемиот дел од парите наменети за театарот сеуште одат за плати и сметки за комунални услуги, а не за зголемување на квалитетот на производството. Но и покрај лошите услови актерите со огромен ентузијазам подготвуваат претстави, за кои се бара карта повеќе. Тоа уште еднаш докажува дека Охрид е жеден за театар.

0 Коментари

Остави коментари